Наплата на застарени долгови - Шемата на БС Кредитен Центар за грабеж на народот

   Во изминатиов период, Здружението на банкарски клиенти – Ануитет во согласно со својот делокург на работа е насочено кон застапување на своите членови во случај на неетички однос од страна на банките и финансиските институции.
   Денес, споделуваме со Вас еден таков случај кој опишува како БС КРЕДИТНИОТ ЦЕНТАР НЕЗАКОНСКИ СЕ БОГАТИ НА ГРБОТ НА КЛИЕТНИТЕ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ.
  Имено, конкретниот случај се однесува на лице кое при обид да подигне кредит од банка, добива сознание дека во 2018 година му е евидентиран долг во Македонското Кредитно Биро од страна на БС КРЕДИТЕН ЦЕНТАР. Лицето на неколку наврати пробува да добие одговор од БС, на која основа има долг према кредитното друштво. По неколку обиди , добива одговор, но без конкретно образложение и без конкретни докази. Она што ситуацијата ја прави поапсурдна е дека според нив лицето имало долг од 2000 година. Бидејќи нема покренато никаква правна постапка за наплата, по сите законски прописи тој долг, ако воопшто постои е застарен.
   Да биде апсурдот уште поголем, лицето при обраќање до Министерството за финансии е известено дека треба решение да бара кај Народна Банка, бидејќи во 2000 година БС кредитиниот центар бил под нејзина надлежност. Меѓутоа, одговорот што Народна Банка го дава е дека сепак, прашањето треба да се реши со Министерството за финансии. И додека институциите не можат да се договорат меѓу себе, што во чија надлежност е, лицето сè уште не е во можност да ги освари своите права. Несомнен е фактот дека несоодветната законска регулатива му ги остава одврзани рацете на БС Кредитниот центар во грабежот на граѓаните.
    Здружението Ануитет, во согласност со своите права, два месеци постојано бараше одговор од БС КРЕДИТНИОТ ЦЕНТАР за конкретниот случај, но никогаш не успеа да добие никаков одговор. Нашите повици, во најголем дел беа пренасочувани од еден на друг па на трет вработен, при што секој имаше одговор дека не е тоа негова работа и така во круг. Се обративме и до сегашниот управител на финанското друштво БС, но одговор како и претходно не добивме.
    Во вакви тешки услови на пандемија кога лицето од конкретниот случај живее со намалени примања, му се  ускратува можноста за остварување на егзистенцијалните потреби.
   Апелираме до сите граѓани кои се соочуваат со иста или слична ситуација да се обратат до здружението и да бидат внимателни при изборот на финансиска институција од која сакаат да подигнат кредит и да ги земат во предвид сите позитивни и негативни искуства на корисниците од истата.
    Во меѓувреме Здружението Ануитет работи во насока на разрешување на проблемот и правна заштита на членот .
 
 
До кога ќе му се дозволува на Финансиското Друштво БС да врши без основ грабеж на обичниот граѓанин? Дали некој ќе им застане на пат на незаконската наплата на застарени побарувања по линија на помал отпор од страна на граѓаните е прашање кое мора да се актуелизира.
 

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!