Мораториумот мерка за богатење на банките

  Мораториум е еден од клучните зборови во изминатите месеци, преку кој може да се заклучи дека банките се привелигирани субјекти на кој во време на криза им е овозможено да ги зголемуваат своите профити.
За овие профити сметката ја плаќа обичниот граѓанин и компаниите кои секој ден се борат со ликвидноста и начинот како да го преживеат тој ден. Наместо да се превземат конкретни мерки кај најпрофитабилните компании (банките) кои на долг рок ќе им го олеснат плаќањето на кредитните обврски на граѓаните и компаниите, се превземаа само нетранспарентни маркетиншки мерки кои на ниеден начин не им помагаат на граѓаните и компаниите за надминување на кризата предизвикана од вирусот КОВИД – 19.  
   Во целата ситуација повеќето банки нетранспарентно настапија и не ги објавија висината на каматните стапки и трошоците за време на мораториумот, а воедно го искористија истиот тој период за зголемување на нивните профити, наместо да им излезат во пресрет на повеќето граѓани и компании да им ги намалата каматните стапки и трошоци согласно уредбата на Владата од 22 Март оваа година.
Одредени банки си дозволија и да им ги наплаќаат каматите на своите клиенти за време на мораториумот, иако тие клиенти го прифатиле мораториумот.

Здружение на банкарски клиенти АНУИТЕТ
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!