Со тужба против банките повратете ги своите пари!
 
    Трошокот за обработка на кредити т.н. манипулативен трошок кој кај голем дел од одобрените кредитни барања изнесува од 1% до 3% од висината на одобрениот кредит банките неосновано го наплаќаат. Исто така и сите останати провизии кои се наплаќани за кредитни производи се трошоци кои банките ги наплаќаат на своите клиенти, а за кои немаат право да ги наплатуваат согласно позитивните законските прописи во РСМ.

    Ние како Здружение АНУИТЕТ ги охрабруваме сите корисници на кредитни производи да си ги повратат средствата зголемени за законската затезна камата од БАНКИТЕ , а кои им биле наплатени како трошоци за провизија за одобрување на кредитни пласмани.

     За таа цел, Здружението на банкарски клиенти – АНУИТЕТ нуди можност за сите оштетени лица, БЕСПЛАТНО да покренат тужба со цел поврат на овие средства кои незаконски им се наплатени. При тоа, повратот на овој наплатен трошок може да се бара независно од видот на подигнатиот кредит дали се работи за станбен , хипотекарен, потрошувачки, или кредит со кеш покритие,  како и без разлика дали кредитот е целосно отплатен во некое минато време или сè уште се исплаќаат рати врз основа на истиот.

Во продолжение следат инструкции како тоа може да се направи во неколку лесни чекори.
 
УПАТСТВО ЗА ТУЖЕЊЕ НА БАНКИТЕ:

  1. Да се потврди членството во Здружението преку пополнување на пристапницата за членство, која може електронски да се пополни тука;
  2. Да се изврши уплата за годишна членарина со која членовите се здобиваат со право да ги користат сите услуги на здружението во рок од една година (во висина од 600 МКД);
  3. Да се исконтактира Здружението на тел број 071/257-528, со цел преземање понатамошни дејствија за започнување на правниот процес, односно покренување на тужба;

   СИТE ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО ТУЖБАТА ГИ ПОКРИВА Здружението АНУИТЕТ.
 
За дополнителни информации поврзани со тужбите кон банките како и начините на кои Здружението ги заштитува правата на клиентите на банките, сите заинтересирани може да нѐ  исконтактираат на 071/257-528.

Да се приклучиме во борбата против неетичкиот однос на банките и нивното незаконито богатење на сметка на граѓаните!