Кој стои позади трите бугарски банки во Македонија ?

 Дали УНИ БАНКА може да остане стабилна во време кога Прва Инвестициона Банка -Софија во сопственост на истите акционери според бугарските медиуми има проблеми со капиталот?
   Во бугарските медиуми многу внимателно се следат случувањата со Прва Инвестициона Банка а.д Софија (ПИБ) во последната година. Инаку ПИБ Софија е во сопственост на истите две физички лица кои се мнозински акционери на УНИ БАНКА а.д. Скопје. Дали после сите овие случувања УНИ Банка може да одолее на потресите кај сопствените акционери кои не успеаја да обезбедат лични дополнителни финансии за нивното поголемо дете ПИБ а.д. Софија.
   ШТО СЕ СЛУЧИ СО ПИБ а.д. Софија во 2020 год?
    Во 2019 година Европската Централна Банка (ЕЦБ) направи стрес тест со симулација на негативни сценарија кај шест банки од Република Бугарија со цел да утврди дали земјата е подготвена да влезе во валутниот механизам ERM II. При тоа кај две од шесте банки ЕЦБ утврди недостиг на капитал. Кај ПИБ а.д Софија која има исти сопственици со УНИ БАНКА а.д. Скопје недостигаа 262,9 милиони евра капитал, а кај ИНВЕСТБАНК а.д. Софија недостигаа  51,8 милиони евра капитал.
    Во месец Ноември 2020 година  ПИБ Софија доби оценка Б од реномираната рејтинг агенција Fitch, што е за пет нивоа под прагот за инвестициска одлука или седум нивоа под бугарскиот просек. Основен фактор за оваа оценка е притисокот врз квалитетот на активите на банката, што е резултат на високото ниво на лоши заеми и превземени колатерали. Според рејтинг агенцијата зголемувањето на капиталот е недоволно. 
    Истата 2020 година ПИБ издаде емисија акции со цел преку нивна продажба да се обезбедат средства за докапитализација на банката. Целиот овој процес беше критикуван од бугарските медиуми бидејќи акциите беа понудени по цена од 5 лева во моменти кога пазарната цена на истите е 2.4 лева. Сето ова беше проследено со немање интерест за купување на акциите од страна на широката јавност, при што во последен момент како инвеститор се појави самата држава преку Бугарската развојна банка и купи акции во вредност од 140 милиони евра (максимум законски дозволено). Останатите акции ги купи приватниот инвеститор Валеа Фондација во сопственост на чешкиот бизнисмен Карел Комарек кој е познат како инвеститор во коцкарскиот бизнис. По сите овие трансакции уделот на двајцата доминантни акционери падна од околу  85% на 60 % од акциите во Прва Инвестициона Банка Софија.
     Ние како здружение АНУИТЕТ веруваме дека надлежните институции ќе бидат на висината на својата задача и ќе ги превземат навремено сите потребни мерки со цел да се заштити обичниот граѓанин и пред се штедачите.
     Одлуката за Вашите парични средства ја носите лично Вие и секогаш треба да обезбедите истите да бидат на сигурно и стабилно место.
   Здружението на банкарски клиенти АНУИТЕТ со цел да овозможи запознавање на сите банкарски клиенти и да им помогне во донесување на правилна одлука за нивните средства во наредниот период ќе прави анализа на одредени банки и нивните сопственици.
Линкови од бугарските медиуми кои известуваат за состојбата во Прва Инвестициона Банка – Софија.
https://www.capital.bg/biznes/finansi/2020/11/11/4137978_pib_poluchi_reiting_b_s_otricatelna_perspektiva_ot/
https://www.mediapool.bg/pib-i-investbank-pak-s-kapitalov-nedostig-na-stres-testa-news296240.html
https://www.mediapool.bg/darzhavata-kupuva-dyal-ot-pib-news308451.html
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!