Како другите банки профитираат на грбот на штедачите после стечајот на Еуростандард Банка

Одлуката за стечај на Еуростандард Банка АД покрај тоа што предизвика големи штети кај нејзините клиенти од една страна, истата предизвика финансиска штета од несогледливи размери и кај клиентите штедачи на другите банки кои имаа орочено износи поголеми од 30 000 евра.Потресот кој го предизвика пропаѓањето на Еуростандард Банка АД има влијание врз целиот банкарски систем. Штедачите во другите банки загрижени за своите депозити почнаа со предвремено повлекување на депонираните средства притоа не остварувајќи никаква добивка од каматата која им следува согласно договорот, иако можеби нивните средства биле депонирани подолг временски период. Плашејќи се од целосна загуба штедачите со штедни влогови поголеми од 30 000 евра  ги повлекуваат истите со цел да ги поделат на штедни влогови до износот кој е осигуран и притоа  го раскинуваат склучениот договор со банките при што за целиот поминат период на орочување ја губат каматата. Ова не е ни малку лошо за банките кои во изминатиот период ги имаа на располагање средствата на своите клиенти и врз основа на истите остваруваа профит, а сега ја изгубија обврската за исплата на договорената камата. Со ова пракса банките остварија дополнителна добивка врз грбот на обичниот штедач.
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!