120 милиони евра е вкупната сума која банките ја наплатиле од клиентите во 2019 година врз основа на провизии и надоместоци !

Во 2019 година банките им наплатиле на клиентите  износ од околу 120 милиони евра, врз основа на провизии и надоместоци. Овој износ расте во континуитет па така, споредбено со 2018 година износот пораснал за 12%  




Најголем износи наплатиле Тутунска Банка, Комерцијална Банка и Стопанска Банка АД Скопје, при што нивниот кумулативен износ изнесува речиси 72 милиони евра.

Најголемо процентуално зголемување во 2019 год. е забележано кај Силк Роуд Банка, каде што приходите од провизии и надоместоци достигнале пораст од 28% споредено со приходите во 2018год.

Во апсолутен износ најголемо зголемување на овие приходи во 2019год. е евидентирано кај Стопанска Банка АД Скопје, каде што истите пораснале за околу 2 ипол милиони евра во однос на претходната година.

Очигледно е постојаното поскапување на банкарските услуги , особено во делот  на провизиите и надоместоците кои ги наплатуваат за истите, врз основа на што генерираат милионски суми. На тој начин, доаѓа до енормно одлевање на доходите на граѓаните во корист на големите акционерски друштва, што во спротивно би можело да се искористи за задоволување на основните човечки потреби и развивање на некои други сектори во економијата. Во секој случај, штетата е за сметка на банкарските клиенти, кои немајќи друга алтернатива стануваат жртви на несоодветната регулација на банките, додека пак тие го користат овој недостаток за кумулирање на вакви милионски износи.
 
 

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!