Како се обештетуваат штедачите во рамки на Европската Унија?

   Во 1994 година во рамките на Европската Унија е донесена Директива со која се регулира функционирањето  на европската шема за осигурување на депозити. Директивата е изменета во 2009 година со цел нејзино усогласување со развојот на финансиските пазари.

   Со новата регулатива најпрво било предвидено сумата до која се осигурени депозитите да се зголеми до 50.000 евра , за на крајот на 2010 година таа сума да изнесува 100.000 евра. Фондот за осигурување на депозити во Република Северна Македонија ги обесштетува штедачите до износ од 30.000 евра во денарска противвредност, меѓутоа со пристапување на нашата земја во Европската Унија, Фондот ќе мора да го исполни критериумот за обесштетување на депозитите во износ до 100.000 евра.

    Уште една значајна разлика е тоа што во рамки на ЕУ, при настанување на разичен настан, односно одземање на лиценците за работа на банките и штедилниците , постои можност депонентите да бидат обесштетени во износ поголем од 100.000 евра доколку, тие ги добиле дополнителните приходи на сметка врз основ на продажба на недвижен имот, или специфични животни настани како склучување на брак , развод итн. во временски период од 12 месеци. Тоа значи дека ако еден депонент имал штеден влог во банка во износ од 100.000 евра и непосредно пред пропаѓањето на банката се стекнал со приход од продажба на имот во износ од 40.000 евра , Фондот ќе го обесштети коминтентот во износ од 140.000 евра.

    Исто така во рамките на ЕУ, се осигурени депозитите и на физичките и на правните лица, со исклучок на финансиските институции и органите на власта. Рокот за враќање на паричните средства на граѓаните преку фондовите е 15 работни дена меѓутоа се работи на  скратување на тој временски интервал , со што се настојува до јануари 2024 година тој да изнесува 7 работни дена.

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!