Обука за анализа на финансиски извештаи

  Здружението АНУИТЕТ, во соработка со своите стручни соработници, започнува со серијалот обуки за финансиска едукација почнувајќи од месец Октомври. Искористете ја шансата да навлезете во светот на финансиите по цена одредена од Вас самите.
 
ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА
  Секоја компанија има за цел да оствари профит и да биде успешна. Токму успехот е тој кој зависи од донесувањето вистински деловни одлуки во вистинско време. Прашањето е како знаеме кои одлуки се вистински и какви чекори треба да се направат. До одговорот на овие прашања се стигнува преку детална анализа на финансиските извештаи. Истражувањето на финансиската состојба во која се наоѓа една компанија е основен предуслов за преземањето на вистински натамошни активности. Финансиската анализа се користи при донесување на стратешки одлуки, но и при оперативното одлучување. Процесите на планирање, контрола и организација на компаниите не се возможни без примена на финансиската анализа. Токму затоа финансиските аналитичари имаат голема важност за успешноста на компаниите, без оглед за каква компанија станува збор: банка, осигурителна компанија, ревизорска куќа, инвестициски фонд, различни фирми од нефинансискиот сектор, како и државни институциии.
 
ТРАЕЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКАТА
  Обуката трае 4 недели, со темпо на сретнување 1 неделно по 2  и пол часа. Термините за обука се попладневни и ќе се одржуваат во просториите на Здружението, во Центарот на град Скопје. Групите се мали со цел почитување и придржување до сите препорачани превентивни мерки. 
  
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
  Предавањата се организирани преку практични примери и интерактивност, на прифатлив и достапен начин без оглед дали имате познавања од економијата и финансиите или сте почетник, без оглед дали сте студент кој сака да стекне практично знаење, претприемач, управител или сопственик на компанија кој сака да има поголема контрола врз сопствениот бизнис или едноставно сакате да градите кариера во светот на финансиите.    
 
ШТО ОПФАЌА ОБУКАТА
  Основни запознавања со сметководствените принципи. Запознавање со содржината на финансиските извештаи (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови). Изготвување на финансиски извештаи (практичен пример). Запознавање со видовите и елементите на финансиска анализа - Хоризонтална и вертикална анализа - Пресметка и толкување на основните финансиски показатели (ликвидност, солвентност, деловна активност, профитабилност) - Анализа на парични текови. Користење на елементите на финансиска анализа на практични примери. Визуелизација на финансиските параметри
 
СО ОБУКАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ СЛЕДНИТЕ ВЕШТИНИ
  Разбирање на содржината на финансиските извештаи. Користење на различни методи за финансиска анализа. Разбирање на суштината на финансиските показатели преку нивно толкување. Утврдување на финансиските перформанси на бизнисот со детектирање на слабости и предности, откривање на потенцијалот на компанијата. Изведување на заклучоци од финансиската анализа кои водат кон носење на клучни одлуки. Техники за графичко прикажување и презентирање на финансиските резултати
 
ПРИЈАВА ЗА ОБУКАТА
Пријавувањето за обуката е во тек и трае до 15.10.2020 год, а за истата може да се пријавите на телефон 070327267 - Александра, или на eмаил: info@anuitet.mk 
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ На трансакциска сметка на здружението, со цел на дознака ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА, најдоцна до 15.10.2020 година 

Здружение на банкарски клиенти АНУИТЕТ
 
 

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!