Започна со делување Здружението на банкарски клиенти АНУИТЕТ

Почитувани,

    Ве известуваме дека почнувајќи од 01.09.2020 година започна со делување Здружението на банкарски клиенти АНУИТЕТ.
    Основна цел и мисија на Здружението АНУИТЕТ е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловен однос со банките и други финансиските институции.
    Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки и финансиски институции, се одлучивме за основање на Здружение на граѓани кое ќе работи со единствена цел да ги застапува институционално своите членови.
    Визијата на Здружението АНУИТЕТ е фер и етички однос на банките спрема нивните клиенти што ќе допринесе кон градење на посилна и здрава економска моќ на секој поединец, како спротивност од досегашното делување на банките во насока единствено за остварување на астрономски профити.
    Ги охрабруваме сите граѓанин и компании да ни пристапат во Здружението на банкарски клиенти АНУИТЕТ за заедно да ставиме крај на едностраното неетичко  делување на банките врз грбот на обичниот граѓанин.
     ЗАЕДНО ПОМОЌНИ !!!

Здружение на банкарски клиенти АНУИТЕТ
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!